Мајкрософт достигна пазарна вредност од три трилиони американски долари

Вредноста на Мајкрософт на берзата во средата за прв пат го премина прагот од три трилиони американски долари (3 илјади милијарди), задржувајќи го местото на втора највредна компанија во светот, веднаш зад производителот на iPhone Apple.

Акциите на Мајкрософт и Епл се натпреваруваат за првото место како највредни акции на Волстрит од почетокот годината до денес

Акциите на Мајкрософт достигнаа рекордно високо ниво од 404,72 американски долари. Тоа е зголемување од 1,5 отсто, што му овозможи на технолошкиот гигант накратко да ја скрши пазарната капитализација од 3 трилиони долари.

Акциите на Apple се тргуваа за 195,47 долари, што е раст од 0,14 отсто. Тоа му дава пазарна вредност од 3,02 трилиони долари, според Ројтерс.

.