Мајкрософт инвестира 50 милиони долари во рафинерија за одржливо гориво за авиони

66

Мајкрософт инвестира 50 милиони долари во фабриката LanzaJet во Џорџија, која ќе произведува одржливо авионско гориво (SAF) од етанол следната година.

Воздухопловната индустрија се смета за една од најсложените за декарбонизација (намалување на емисиите на CO2). Одржливото/обновливото воздухопловно гориво во 2019 година сочинуваше помалку од 0,1% од моменталната глобална побарувачка или 330 милиони тони гориво. Владите и инвеститорите се обидуваат да ги зголемат стимулациите за производство на горива SAF со пониски емисии на CO2.

LanzaJet со седиште во Чикаго минатата недела рече дека нивната последна фаза е проектот за биорафинеријата Freedom Pines Fuels и дека нивните планови за 2023 година се да започнат со производство на 10 милиони галони SAF гориво и обновлив дизел од одржлив етанол, вклучувајќи отпад и други суровини.