Мајкрософт ја проширува својата мрежа на центри за податоци во Европа

15

Американскиот дигитален гигант Мајкрософт најави дека ќе инвестира речиси две милијарди евра во центри за податоци за апликации за вештачка интелигенција во Шпанија, со планирана инфраструктура во Германија и Британија.

Шпанскиот премиер Педро Санчез и директорот на Мајкрософт Бред Смит во понеделникот објавија дека во следните две години ќе бидат инвестирани 1,95 милијарди евра.

Парите ќе бидат искористени за проширување на инфраструктурата за вештачка интелигенција (ВИ) и облак компјутери, напиша Смит на онлајн платформата X, порано Твитер.

Минатата недела шефот на Мајкрософт објави дека во следните две години ќе инвестира речиси 3,3 милијарди евра во проширување на капацитетот на центрите за податоци за ВИ и апликации за компјутерски облак во Германија.

Најголемата поединечна инвестиција во 40-годишната историја на Мајкрософт вклучува програма за обука за вештачка интелигенција која треба да привлече до 1,2 милиони Германци.

Во ноември, Мајкрософт вети дека ќе инвестира 2,5 милијарди фунти (3,15 милијарди долари) во развојот на вештачката интелигенција во Велика Британија до 2026 година. Во октомври, Смит, исто така, објави инвестиција од пет милијарди австралиски долари (3,26 милијарди американски долари) во секторот за вештачка интелигенција во Австралија.