Мајкрософт нуди 69 милијарди долари за фирмата-создавач на Call of Duty

39

Американскиот софтверски гигант Мајкрософт соопшти дека нуди 69 милијарди долари за компанијата-создавач на видеоиграта Call of Duty (Activision Blizzard).

Според известувањето, понудата ќе им користи подеднакво и на гејмерите и на гејмерските компании.

Мајкрософт го изнесе аргументот со цел да го убеди судот на американската Федерална трговска комисија да дозволи продолжување на договорот, откако повереници, во жалба за блокирање на спогодбата, изјавија дека спојувањето на компаниите ќе ѝ пречи на конкуренцијата во индустријата за игри.