Мајкрософт подготвува непопуларен потег: „Ситуацијата не се подобрува и веројатно ќе продолжи да се влошува“

38

Мајкрософт планира да отпушти неколку илјади работници, додека некои работни места во човечки ресурси и инженерство ќе бидат целосно елиминирани.
Очекуваните отпуштања во Мајкрософт доаѓаат по сличните најави од технолошките гиганти Амазон и Мета, кои најавија отпуштања поради падот на побарувачката и влошените економски изгледи.

Потегот на Мајкрософт сугерира дека отпуштањата во технолошкиот сектор би можеле да продолжат.

Британскиот Sky News, повикувајќи се на извори, објави дека Мајкрософт ќе отпушти пет отсто од својата работна сила или околу 11.000 работници. Компанијата има вкупно 221.000 вработени, од кои 122.000 се во САД и 99.000 во остатокот од светот.

Мајкрософт е под притисок да го одржи растот поради намалениот пазар на компјутери во последните квартали.