Мајкрософт забележа приход од 49,4 милијарди долари во последниот квартал

28

Мајкрософт ги објави деловните резултати за својот трет квартал, со заработка по акција од 2,22 долари, надминувајќи ја претходната проценка на инвеститорите од 2,18 долари. Приходите се зголемија за 18 отсто во однос на истиот период минатата година на 49,4 милијарди долари, малку над претходната консензуална проценка од 49,03 милијарди долари.

„Во иднина, дигиталната технологија ќе биде клучен придонес што ќе го поттикне глобалното економско производство“, рече Сатја Надела, извршен директор. „Во цела низа технологии, ние ги прошируваме нашите можности и земаме удел бидејќи им помагаме на клиентите да направат разлика“, рече Надела.

Компанијата во овој квартал откупи сопствени акции во износ од 12,4 милијарди долари, што е за 25 отсто повеќе од истиот квартал лани.

Иако по објавувањето на кварталниот извештај немаше поголеми поместувања на цените на акциите на компанијата, а беше забележан и благ пад по затворањето на берзата, нивната вредност е зголемена за 20 отсто од почетокот на оваа календарска година и моментално изнесува $ 270 по акција.