Макао – нова дестинација за коцкарите

108

2a

Кинескиот административен регион и поранешната португалска колонија, Макао го потврдува статусот на нова дестинација за коцкарите. Казината во Макао во април оваа година заработиле неверојатни 3,92 милијарди долари, јавува Ројтерс. Овој резултат го надмина минатогодишниот април за 13%, а аналитичарите прогнозираат понатамошен раст во Макао за кинеска средна и висока класа. Макао за само два месеци заработува повеќе од што заработува Лас Вегас во текот на цела година!

Минатата година, Макао (единствената коцкарска зона во Кина) од игрите на среќи заработи 45 милијарди долари. Од оваа голема работа не профитираат само кинеските инвеститори. Таму сопствени казина и хотелски империи градат голем број на американски претприемачи и милијардери.

1a

3a

4a

5a

 

7a