Македонија 51-ва во светот по квалитет на поштенски услуги

46

Од 170 земји во светот, Македонија е 51-ва по квалитет на поштенски услуги, покажува извештајот на Universal Postal Union под името Postal Development Report.

Најквалитетни поштенски услуги во светот има Швајцарија, а меѓу 10-те најдобри земји се најдоа и: Австрија, Германија, Холандија, Јапонија, Франција, САД, Велика Британија, Канада и Сингапур.

Од земјите во регионот, Србија е највисоко позиционирана (29-та), а потоа следуваат: Хрватска (33), Грција (38), Словенија (40) и Бугарија (43). После нас е Босна и Херцеговина (60), Албанија (95) и Црна Гора (96).

Последните пет позиции на дното на листата се најдоа: Мали, Хаити, Мозамбик, Либерија и Доминикана.

Во извештајот се анализира развојот на поштенскиот сектор во земјите и неговата состојба во услови на коронавирус.

Фото: Freepik