Македонија 57-ма во светот според глобалниот индекс на иновации

55

Од 131 земја во светот, Македонија е на 57-мо место според глобалниот индекс на иновации (Global Innovation Index 2020 – GII) на Светската организација за интелектуална сопственост (World Intellectual Property Organization – WIPO).

Првите пет позиции според овој индекс им припаѓаат на: Швајцарија, Шведска, САД, Велика Британија и Холандија.

Од земјите во регионот, највисоко е позиционирана Словенија (34). Потоа следуваат: Бугарија (37), Хрватска (41), Грција (43), Црна Гора (49)Србија (53).

На дното на листата се најдоа: Јемен (131), Гвинеја (130), Мјанмар (129), Нигер (128) и Етиопија (127).

Индексот дава преглед и оценка на уделот во иновациите на 131 земја во светот. WIPO во соработка со неколку партнерски институции од 2008 година го објавува GII, којшто претставува водечка референца за мерење на учинокот на економиите на глобално ниво.

Фото: Freepik