Македонија 65-та мирољубива земја во светот

23

Фото: Pexels

Македонија е 65-та од вкупно 163 земји во светот по глобалниот индекс за мир, покажува истражувањето на Институтот за економија и мир.

Во првата петорка најмирољубиви земји во светот се: Исланд, Нов Зеланд, Португалија, Австрија и Данска, додека на дното се овие пет земји: Ирак, Јемен, Јужен Судан, Сирија и Авганистан.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија, бидејќи е на осмо место, Романија и Бугарија се на 25-то, односно 26-то место, додека три позиции подолу се најде Хрватска. Србија и Албанија се на 51-ва и 52-ра позиција, додека Грција го дели 65-тото место со нашата земја. Црна Гора е две места подолу, а Босна и Херцеговина е 81-ва во светски рамки, додека Косово е на 86-то место.