Македонија атрактивна дестинација за турски и германски туристи

Во февруари 2025 година, Македонија ја посетија најмногу туристи од Турција, следени од Германија, Србија и Грција, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во февруари 2025  година изнесува 45. 992, од кои 34.7 % се домашни туристи, а 65.3 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во февруари 2025 година изнесува 94.981, од кои 40.0 % се од домашните туристи, а 60.0 % од странските туристи.

Во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 4.2 %, односно кај домашните туристи има намалување за  6.2 %, а кај странските има зголемување за  11.1 %.

Во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 6.5 %, а кај странските има зголемување за 15.9 %.

Најбројни биле туристите од Турција

Во февруари најмногу туристи дошле од Турција 6.485 , следуваат туристите од Германија 3. 971, 2. 875 од Србија и 2.061 од Грција