Македонија е перспективен пазар за Телеком Србија

54

Со зголемување на приходите и профитабилноста при намалување на задолженоста, Телеком Србија развива капацитети за понатамошна експанзија во регионот, рече генералниот директор на оваа компанија, Владимир Лучиќ, коментирајќи ги постигнатите резултати во првата половина од оваа година.

Тој рече дека Телеком забележал рекорден раст на приходите од девет проценти во споредба со 2020 година, што е раст од над четири милијарди динари. Тој посочи дека профитот пред оданочување на компанијата се зголемил за 20 проценти, а добивката е повеќе од четири пати поголема од минатата година, објави Танјуг.

Како што наведе, покрај значителните инвестиции, обврските на Телеком кон банките за првата половина од месецот беа намалени за над осум милијарди динари.

“Сè уште имаме природен раст на бројот на корисници на мобилни, интернет и ТВ, што покажува дека нашиот удел на пазарот ќе продолжи да расте“, рече Лучиќ.

Тој изјави дека една од целите е понатамошното проширување во регионот и дека Северна Македонија е перспективен пазар каде Телеком ќе биде важен телекомуникациски играч.