Македонијa го зголеми извозот на мед во 2020 година

59

Македонија во текот на минатата година извезе природен мед во вредност од 648.000 долари, што е за 9,1% повеќе во споредба со 2019 година.

На глобално ниво, извозот на мед во 2020 година беше 2,3 милијарди долари или 15,3% повеќе одошто една година претходно.

Петте најголеми извозници во светот (Нов Зеланд, Кина, Аргентина, Германија и Украина) лани покрија 45,3% од извозот.

Нов Зеланд, според податоците на World’s top exports, има најголем удел во вкупниот извоз и тоа во вредност од 14,4% или 328,6 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници се и: Кина (254 милиони долари), Аргентина (170,2 милиони долари), Германија (145,9 милиони долари) и Украина (138,8 милиони долари).

Од земјите во регионот, најмногу природен мед во 2020 година извезе Грциа и тоа во висина од 21,6 милиони долари. Потоа следат: Србија (14,9 милиони долари), Словенија (1,8 милиони долари), Хрватска (1,5 милиони долари) и Босна и Херцеговина (1,1 милиони долари).

Фото: Pixabay