Македонија и Турција продолжуваат со одлична билатерална и економска соработка, расте интересот за инвестиции во енергетиката

38

Во срдечна и пријателска атмосфера, со многу конструктивни предлози од двете страни, кои ја одразуваат заедничката желба да се зајакне и продлабочи билатералната економска соработка меѓу Северна Македонија заврши Шестата седница на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција.

Со комисијата претседаваше министерот за економија Крешник Бектеши како домаќин и министерот за млади и спорт на Република Турција, Мехмет Муарем Касапоглу како ко-претседавач.

Изразувајќи го своето задоволство во име на Владата за можноста да преседава со Мешовитата комисија, министерот Бектеши истакна дека Северна Македонија и Турција традиционално негуваат добри пријателски односи кои позитивно влијаат на јакнење на нашите релации.

“Нашите заложби како министри кои се грижиме за економијата, со одржување на денешната седница треба да придонесеме кон исполнување на поволностите што ги нуди билатералната Спогодба за трговска и економска соработка Економските области кои се опфатени на оваа седница треба да дадат нова димензија во нашите економски релации и значајно да ги подобрат трговските бројки. Експертите во Протоколот предложиле трговските бројки да достигнат 2 милијарди долари во следниот период, што значи ни претстои сериозна работа. Турција  е наш значаен трговски партнер и во последните три години го зазема 7-то место на листата на земји со кои  Северна Македонија стварува најголем обем на трговска размена. Вкупната билатерална трговија во ноември 2022 година достигна 945 милиони долари и раст од 35,8% во однос на истиот период во 2021 година. Турција  континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори и се јавува како значаен инвестициски партнер“ кажа министерот Бектеши.