Македонија на Глобалниот самит за слободни економски зони во Малезија

41

US President Barack Obama (L) and his RuДиректорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Виктор Мизо и претставници на Дирекцијата учествуваат на вториот Глобален саем и самит за слободни економски зони што се одржува во Куала Лумпур, Малезија.

На настанот, на кој присуствуваат повеќе од 450 делегати и изложувачи од Азија, Европа, Америка и Африка се презентираа и Технолошко-индустриските развојни зони на Република Македонија.

На самитот се разговараше и со приватни оператори на зони од Индија, Обединетите Арапски Емирати, Кореја и Малезија како можни партнери за развој и управување на некои од зоните во Македонија.

“Неколку од нив изразија спремност за посета на Македонија и разгледување на зоните поради постоечката потреба на нивните клиенти за проширување на бизнисот и операциите во Европа”, соопштуваат од ТИРЗ.

Тридневниот Глобален саем и самит за специјални економски зони, кој завршува денес, претставува огромна можност за директно поврзување на водечките меѓународни инвеститори и производители со глобалните инвестициски дестинации, како и со владите и владините институции кои оперираат со специјалните економски зони.

На меѓународниот саем учествуваат претставници на едни од најразвиените специјални економски зони во светот и тоа од Малезија, ОАЕ, Индонезија, Индија, Оман, Јужна Кореја и многу други, како и високи претставници на Светска банка, консултантски куќи и реномирани медиуми од инвестицискиот сектор.