Македонија на врвот за иновации за композитни материјали и роботика

86

На семинарот што се одржа во Микросам во Прилеп, 30 врвни експери во делот на роботиката и композитните материјали ја завршија неколкудневната размена на искуства во делот на достигнувањата во науката.

Во Институтот за современи композити и роботика во Прилеп се разговараше за т.н. материјали на иднината, односно современите композити кои се применуваат во авионската и вселенската индустрија.

“Самиот податок дека во Прилеп се собраа сите истакнати експерти од оваа област од неколку земји од светот покажува дека Македонија веќе е значајна дестинација кога станува збор за композитните материјали. Микросам веќе е синоним за квалитет и научна дејност во делот на роботика и композитните материјали и затоа е предизивик за многумина од академската средина и идустријата за композити во Европа“, изјави Драган Велјаноски, директор на Институтот за современи композити и роботика во Прилеп.

Овој Институтот е единствен од ваков тип во регионот. Основан е во 2009 година, како дел од развојната стратегија на компанијата Микросам.