Македонија нема директно да преговара со Грција, целта е да се поттикне домашниот туризам

92

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска изјави дека Владата нема да преговара билатерално со грчката влада за олеснет влез на нашите туристи, бидејќи земјата не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона.

“Не преговараме директно со грчката влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Северна Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече министерот.

Министерот за туризам на Република Грција, Харис Теохарис денеска од Белград потврди дека граѓаните на Србија ќе можат да летуваат во Грција и со руските и со кинеските вакцини, како и со негативен ПЦР тест.

Граѓаните на Србија ќе можат летово да го поминат во Грција оваа година со потврда дека биле вакцинирани со било каква вакцина, со негативен ПЦР тест или брз тест, а грчките граници најверојатно ќе бидат отворени за српските туристи пред официјалниот почеток на сезоната на 14 мај.

Негативен тест ќе биде задолжителен за невакцинираните, а кога станува збор за децата, Теохарис рече дека на деца до 10 години не им треба вакцина или ПЦР тест, а потребен е негативен тест за деца постари од 10 години.

Фото: Pixabay