Македонија покрива 83% од потребите за струја со сопствено производство

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во февруари 2026 година изнесува 583 152 МWh, што претставува 83.2 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

Во февруари 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
700 715 МWh електрична енергија, 32.945 мил. нм3 природен гас, 245 790 тони јаглен и  75 103 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 83.2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година:

  •   Потрошувачката на природен гас е намалена за 16.5 % како резултат на намалената активност на когенеративните постројки
  •   Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 10.3 %