Македонија минатата година извезе хартија во вредност од 20.431.000 долари, што е за 6,6% помалку во однос на 2019 година. Од друга страна, лани извозот во 2020 година беше на ниво од 109,8 милиони долари или 7,9% помалку одошто во 2019 година.
На глобално ниво, извозот на хартија имаше вредност од 157,2 милијарди долари, односно 7,6% помалку во споредба со 2019 година.
Според податоците на World’s top exports, петте најголеми извозници на хартија (Кина, Германија, САД, Шведска и Финска) генерираат 43,8% од глобалниот извоз на хартија во 2020 година. Кина од извоз лани заработи 20,9 милијарди долари, зад нејзе Германија инкасираше 19,2 милијарди долари, додека САД заработија 13,8 милијарди долари.
Од земјите во регионот, најголем извозник е Словенија со 724,2 милиони долари, по што следат: Србија (491,4 милиони долари), Бугарија (313,6 милиони долари), Хрватска (295,9 милиони долари), Грција (281,5 милиони долари), Босна и Херцеговина (136,8 милиони долари) и Албанија (43,7 милиони долари).
Фото: Pexels