Македонија со 20,5 милиони долари е 26-та земја во светот по извоз на јаболка

123

Извозот на јаболка во текот на 2019-та година достигна ниво од седум милијарди долари. Според податоците на World’s top exports, Кина е најголем извозник со 1,2 милијарди долари извезени јаболка или скоро 18% од вкупниот извоз.

Меѓу петте најголеми извозници на јаболка во светот се и: САД (961,6 милиони долари), Италија (841 милион долари), Чиле (602,8 милиони долари) и Нов Зеланд (566,5 милиони долари).

Во светски рамки, Македонија е 26-та земја со извоз на јаболка во вредност од 20.586.000 долари.

Од земјите во регионот, највисоко е позиционирана Србија со извезени јаболка во висина од 118,5 милиони долари. Грција лани извезе јаболка вредни 43,2 милиони долари.

Извозот на јаболка од овие земји беше: Словенија (12 милиони долари), Хрватска (10,2 милиони долари) и Босна и Херцеговина (7,3 милиони долари).

Фото: Pixabay