Македонија, Србија и Албанија наскоро на списокот безбедни земји за патување во ЕУ

Србија, Северна Македонија и Албанија се земји од регионот кои имаат потенцијал да бидат прогласени за безбедни земји за слободно патување во Европската унија (ЕУ).

Португалија која претседателствува со ЕУ, состави список на земји чии податоци покажуваат можност за вклучување на овие земји во категоријата безбедни земји кога станува збор за пандемијата Ковид-19, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори.

Покрај трите земји од Западен Балкан, на списокот се и САД, Хонгконг, Макао, Саудиска Арабија и Тајван.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за секоја од овие земји на состанок денес, а одлуките ќе бидат донесени во согласност со епидемиолошката состојба во секоја земја поединечно.

За да се добие статус на безбедна држава, мора да се евидентираат максимум 75 позитивни случаи позитивни на коронавирус на 100.000 жители во последните 14 дена во земјата.

Фото: Pixabay