Странските директни инвестиции во Македонија во период од јануари до септември оваа година достигнаа рекордни 838,2 милиони евра, што е 348,4 милиони повеќе во однос на тој период претходната година и воедно е убедлив рекорд во изминативе дваесет години, пишува Блумберг Адриа.
Според податоците на Народната банка, само во третиот квартал оваа година, Македонија имала прилив на странски директни инвестиции во вредност од 281,6 милиони евра.
Во текот на третиот квартал од 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 281,6 милиони евра, како резултат на зголемените нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (219,5 милиони евра), сопственичкиот капитал (39,9 милиони евра) и реинвестираната добивка (22,2 милиона евра), соопшти Народната банка
Доколку приливот на странските инвенстиции продолжи со исто темпо, постојат големи шанси Македонија да достигне над милијарда евра СДИ во текот на една година.
Фото: Freepik