Македонија увезе рекордна количина на марихуана од Јужна Африка

553

Рекордна пратка марихуана за медицинска употреба меѓу двете земји е испорачана од Јужна Африка во Северна Македонија, соопшти американско-канадската компанија Instadose Pharma Corp.

Пратката од 2,125 метрички тони била испратена од Јоханесбург во Скопје на 25.12.2021 година.

Instadose соопшти  дека оваа марихуана  за медицински цели е наменета за западна Европа каде веќе е доставена, а е извезена во Македонија согласно дозволата издадена во ноември.

Се наведува дека компанијата има соработка со лиценцирана фирма во Македонија, а има свои филијали во ДР Конго, Португалија, Индија, Канада, Колумбија и Мексико.

„Ова е и историска испорака и претставува само почеток на потенцијалот на Instadose. Испорачувањето ги потврдува и нашиот бизнис модел и компанијата како светски лидер во индустријата. Мојата визија отсекогаш беше ваква и многу сум возбуден за значењето на пратката и за она што допрва следува, истакна Грант Сандерс, основач и директор на Instadose.