Македонија во август ја посетиле 50.227 туристи од Турција

111
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2024 година изнесува 232. 576, од кои 48.6 % се домашни туристи, а 51.4 %  се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во август 2024 година изнесува 911 478, од кои 74.3 % се од домашните туристи, а 25.7 % од странските туристи. Бројот на странски туристи изнесува 119.572.
Најмногу туристи доаѓаат од Турција, а нивниот број изнесува 50.227, следуваат туристите од Србија со 9.898, потоа Романија 5.996, Холандија 4.997, а во првите пет се туристите од Полска со 4.667 туристи.
Во периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.9 %, а кај странските има зголемување за 14.4 %.
Во периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.6 %, а кај странските има зголемување за 9.3 %