Македонија во јуни со повеќе странски одошто домашни туристи

50

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2021 година изнесува 47.167, од кои 47.2 % се домашни туристи, а 52.8 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јуни 2021 година изнесува 117. 701, од кои 52.6 % се од домашните туристи, а 47.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 42.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 97.8 %, а кај странските зголемувањето е за 8.3 %.

Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 54.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 87.2 %, а кај странските зголемувањето е за 27.9 %.

Фото: Freepik