Македонија во октомври најмногу туристи имала од Турција

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2023 година изнесува 94. 165, од кои 28.9 % се домашни туристи, а 71.1 % се странски туристи.

Најмногу туристи има од Турција 19.658, Србија 4.480, Германија 4.263, Грција, 3.939, Хрватска 2.646 туристи.

Бројот на ноќевањата во октомври 2023 година изнесува 187 272, од кои 36.7 % се од домашните туристи, а 63.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 38.6 %.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 23.5 %.