Македонија во потрага по инвеститори на Саем за автомобили во Франкфурт

30

7-Jaguar-C-X17_2666572bОколу 20 компании од САД, Европа и Јапонија кои учествуваат на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт имаа можност да се запознаат со поволностите што ги нуди Македонија за отворање нови производствени капацитети.

Имено, македонската делегација од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони предводена од директорот Виктор Мизо, со дел од компаниите веќе договорила посети на државава. Истите треба се реализираат во текот на годината, со цел потенцијалните инвеститори директно да се запознаат со условите за инвестирање во Македонија.

Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт е најголемиот специјализиран саем за автомобили и автомобилски делови во светот. Саемот што годинава се одржува по 65 пат, официјално ќе биде отворен утре. Учество ќе земат повеќе од 300 изложувачи, а се очекуваат над еден милиони посетители.

Во текот на првите два дена на саемот премиерно се претставуваат новите модели на автомобили и се става акцент на стратегијата и концептите за идните случувања и правци во автомобилската индустрија.