Mакедонија за 207,7% го зголеми извозот на портокали

92

Македонија во текот на минатата година извезе портокали во вредност од 40.000 долари, што е 207,7% повеќе во споредба со 2019 година.

Извозот на портoкали во светот во 2020 година достигна вредност од 5,4 милијарди долари, што е за 13,9% повеќе во споредба со една година претходно.

Шпанија е најголем извозник на ова овошје со 26,7% од вкупниот извоз и инкасирани 1,4 милијарди долари. Според податоците на World’s top exports, петте најголеми извозници на портокали лани беа: Јужна Африка (797,9 милиони долари), Египет (648,6 милиони долари), САД (574 милиони долари) и Холандија (346,3 милиони долари).

Од земјите во регионот, Грција е лидер и седма во светот со извоз од 186,7 милиони долари. Потоа следат: Словенија (6,3 милиони долари), Бугарија (3,2 милиони долари), Хрватска (1,4 милиони долари) и Србија (85.000 долари).

Фото: Pexels