Македонија бележи скок од 10 места во рамки на листата на конкурентност според Светскиот економски форум 2014 – 2015, по што сега се наоѓа на 63-тата позиција од вкупно 144 рангирани земји во светот. Индексот на конкурентност на земјава, на скала од еден до седум, изнесува 4,26.
Црна Гора, од земјите во регионот, е четири позиции зад Македонија, потоа следи Словенија на 70-тото место. Најновата земја членка на Европската унија – Хрватска, според конкурентноста е 77-ма земја во светот, Грција е четири места подолу, позиционирајќи се на 81-во место, Србија е 94-та, па Албанија по неа на 97-ма позиција.
Лидер во конкурентност во светот е Швајцарија, зад неа се Сингапур, САД, Финска, Германија, Јапонија…
На дното на листата, според индексот на конкурентност, се наоѓаат Бурунди, Ангола, Мавританија, Јемен, Чад и Гвинеја.