Македонија заработи 21,8 милиони долари од извоз на овој производ

133

Извозот хартија минатата година достигна вредност од 170,5 милијарди долари на глобално ниво, што е намалување од 4,4% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија е 79-та во светски рамки со извезена хартија во вредност од 21.865.000 долари или 7,5% повеќе во однос на 2018 година.

Кина е лидер на глобално ниво со извоз на хартија од 22 милијарди долари или 12,9% од вкупниот извоз. Освен Кина, хартија најмногу извезуваат и: Германија (20,7 милијарди долари), САД (15 милијарди долари), Финска (8,9 милијарди долари) и Шведска (8,6 милијарди долари).

Регионално, Словенија котира највисоко со извоз на хартија од нешто над една милијарда долари. Следни се: Србија (512 милиони долари), Бугарија (317,4 милиони долари), Хрватска (285,3 милиони долари), Грција (248,3 милиони долари) и Босна и Херцеговина (123,5 милиони долари).

Фото: Freepik