Македонска берза и Централен депозитар за ХВ донираа милион денари за Министерството за здравство

31

Македонска берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донираа 1.000.000 денари на сметката на Министерството за здравство.

“Имајќи предвид дека се соочуваме со многу сериозна здравствена и економска криза поради настанатите состојби поврзани со вирусот COVID-19, Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесоа одлука за донација на наменската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1.000.000 денари“, стои во соопштението.

Со оглед на тоа што актуелната борба за надминување на оваа криза подразбира колективна солидарност и одговорност, на овој начин двете институции, како општествено одговорни компании, даваат поддршка на македонските здравствени институции на коишто паѓа главниот товар во справувањето со кризата.

Фото: Pixabay