Македонска пошта најде замена за Еуростандард банка

190

Управниот одбор на АД Пошта на Северна Македонија на денешната седница ја прифати конечната понуда на Халк банка АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата, извести Поштата преку нејзиниата интернет страница.

Рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем кој и досега беше во употреба.

Управниот одбор на Пошта на С. Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание на Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД Пошта на С. Македонија и Халк Банка АД Скопје.

Фото: Freepik