Македонската асоцијација за човечки ресурси по втор пат ќе избира најдобар HR менаџер на годината

60

nagrada

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) по втор пат ќе избира најдобар HR менаџер на годината во Република Македонија. Рокот за номинации е 31 март, а за HR менаџер може да се номинира секој граѓанин на Македонија, вработен во приватна, државна или невладина организација. Номинацијата за избор на HR менаџер на годината може да биде направена од страна на извршениот директор во организацијатa, колеги на менаџерска функција од организацијатa, HR менаџери од други организации или кандидатот може сам да се номинира.

За наградата HR менаџер може да биде номиниран вработен кој како дел од своите работи активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата. Работни места со овие работи задолженија најчесто се именувани како Директор за Човечки ресурси, Менаџер за Човечки ресурси, Раководител на Сектор за Човечки ресурси и сл.

Изборот на HR менаџер на годината има за цел да ја подигне свесноста за важноста на човечките ресурси во организацијата и потребата од активно вложување и унапредување на истите. Целта на изборот на HR менаџер на годината е да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси.

Комисијата за избор на HR менаџер на годината се состои од пет членови, експерти во областа на човечките ресурси со најмалку 10 годишно искуство и тоа двајца од академската област, двајца професионалци од бизнис средината и HR професионалец носител на титулата HR менаџер од минатата годината т.е. првата година член на комисијата ќе биде Претседателот на МАЧР.

Прогласувањето на избраниот HR менаџер на годината е во рамките на годишната интернационална HR конференција во организација на МАЧР (септември/октомври).

Повеќе информации околу изборот, критериумите за оценување, бенефитите за носителот на наградата, за организацијата, ќе најдете тука.