Македонската банкарска асоцијација и Агенцијата за заштита на личните податоци склучија меморандум за соработка

40

Здружението за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење – МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје и Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија склучија меморандум за соработка, потврдувајќи ги заедничките цели за постојано унапредување на степенот на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија.

Меморандумот ги изразува заложбите на МБА и АЗЛП за соработка во областа на заштитата на личните податоци со цел ефикасна и целосна имплементација на законските прописи и стандарди за заштита на личните податоци во рамки на банкарскиот систем во Република Северна Македонија и при вршење на финансиските активности.