
Според податоците на Државниот завод за статистика цените во земјоделството во април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 4.2 % кај инпутот и за 10.8 % кај аутпутот
Цените во земјоделството во април 2026 година, споредени со цените во април
2025 година, бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот.
Во делот инпут, во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, кај цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за 3.9 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 7.1 %.
Во делот аутпут, во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 13.6 %, а цените на добиточното производство се намалени за 0.3 %.
Кај цените во земјоделството во април 2026 година, во однос на април 2025 година, се бележи следнава динамика:
- повисоки се за 13.6 % кај растителното производство и
- пониски за 0.3 % кај добиточното производство
во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот
- повисоки се за 3.9 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
- повисоки се за 7.1 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството











