
Во периодот јануари – март 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 23 милиони денари
Во периодот јануари – март 2025 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 58 285 илјади денари, што е за 65.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 23 320 илјади денари, што е за 55.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари – март 2025 во однос на истиот период од 2024 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 58.8807 денари.
Јануари – март 2025 година во однос на истиот период од претходната година:
- За 65.2 % е намалена вредноста на договорените градежни работи во странство
- За 55.8 % е намалена вредноста на извршените градежни работи во странство