Македонски ланец маркети влегува на српскиот пазар

219

Македонскиот ланец Стокомак наскоро ќе влезе и на српскиот пазар, пишува порталот Retail Serbia.

Имено, еден од најголемите македонски синџири за дисконти, Стокомак, планира да влезе на српскиот пазар и има основано седиште за Србија во Ниш, а неодамна купи и интернет домен за српскиот пазар, наведува порталот.

Како што се наведува, сè уште нема официјални информации кога Стокомак би можел да ги отвори првите маркети и во кои градови.

Компанијата  е основана во 1997 година и денес е една од најголемите македонски трговски групи со вкупно 73 објекти низ  земјата.