JP Morgan: Пад на добивката во третиот квартал

114

Американската банка JP Morgan Chase забележа нето добивка од 12,9 милијарди долари (11,8 милијарди евра) во третиот квартал од оваа година, што на годишно ниво претставува пад од два отсто.
И покрај падот на профитот, деловните резултати ги надминаа очекувањата на аналитичарите, пренесува француската новинска агенција АФП.

Приходите на банката се зголемени за седум отсто на годишна основа на 42,7 милијарди долари (39 милијарди евра).

Поволно влијание врз деловните резултати на банката имаа повисоките приходи од тргување со сопственички хартии од вредност и повисоките провизии за управување со средства и инвестициско банкарство.

Сепак, трошоците поврзани со кредитните загуби се зголемија повеќе од двојно на 3,1 милијарди долари во однос на претходната година, делумно поради резервациите од милијарда долари за лоши заеми.

Објавувајќи ги резултатите, извршниот директор на банката, Џејми Дajмон, објасни дека инфлацијата забавува и дека американската економија останува еластична, но укажа на големите фискални дефицити и други грижи. Како што истакна, будно ја следат геополитичката ситуација и последните случувања покажуваат дека состојбата се влошува.