Македонски Телеком ја надмина бројката од 70.000 MaxTV корисници

26

telekomСо својата уникатна MaxTV услуга, Македонски Телеком постигна извонредни резултати на пазарот. Македонски Телеком веќе ја надмина бројката од 70.000 MaxTV корисници. За само четири години постоење и во услови на голема конкуренција, MaxTV стана лидер на тв пазарот.

Брoјот на MaxTV корисници секојдневно се зголемува, пред сè како резултат на интерактивните карактеристики, квалитетот на сликата, големиот број на тв канали и достапните содржини. Огромен пораст е забележан и во изминатата 2012 година кога се регистрирани 66.541 корисник на MaxTV услуга, што претставува зголемување за 66% во однос на 2011 година, кога се евидентирани вкупно 40.129 корисници на IPTV. Од вкупниот број на MaxTV корисници во 2012 година, 11,5% се поврзани преку оптика, уживајќи на тој начин во неограничените можности на најнапредната технологија.

Македонски Телеком со цел да ја награди лојалноста, обезбеди поволност за сите MaxTV корисници. Па така, постојните корисници на 3 Max, 2 Max и Family Max пакетите кои не користат HBO пакет или Max Sport + ќе можат да ги активираат во периодот од 15 февруари до 1 април и бесплатно да ги гледаат еден месец. Оние корисници кои веќе ги имаат активирано HBO или Max Sport + пакетите, исто така ќе ги добијат еден месец бесплатно.

“Ексклузивна понуда на содржини, неспоредливиот квалитет на услугата и

функционалностите, одличната комбинација со останатите телекомуникациски услуги е она што MaxTV го прават водечка тв услуга на пазарот. Со многу труд и максимално вложување на сите компаниски ресурси успеавме да ги престигнеме конкурентите кои на ова поле работат повеќе од 20 години. MaxTV е услуга која квалитативно го измени корисничкото искуство и која недвосмислено нѐ диференцира од конкуренцијата. Лидерската позиција на пазарот е голем успех за целата компанија, но истовремено тоа е обврска да продолжиме во развој и подобрување на услугата на задоволство на сите наши сегашни и идни корисници, правејќи го сервисот недостижен за конкуренцијата“, изјави главниот извршен директор на Македонски Телеком, Даниел Сас.

Големата доверба на корисниците ќе биде мотив повеќе во наредниот период Македонски Телеком да се фокусира и со засилено темпо да ја збогатува и унапредува MaxTV услугата, со што секогаш ќе биде чекор пред конкуренцијата. Во насока на понатамошно подобрување на корисничкото искуство, во план е да се унапредат функционалностите на MaxTV, да се воведат нови апликации, да се обезбедат дополнителни тв содржини, но и да се направи MaxTV достапен од кое било место и преку сите уреди: персонален компјутер, лаптоп или мобилен телефон.

Дополнително, следејќи го интересот и барањата на корисниците, изборот на тв канали ќе се прошири со нови меѓу кои: 24Kitchen, англиската верзија на France 24, Hayat TV , FOX channel, како и Travel channel HD и Auto Moto Sport HD.