Македонски Телеком, во месецот кога се одбележува љубовта, подготви нови понуди за своите корисници.
“Новата припејд понуда наречена Супер пар пакет е совршен подарок за сите вљубени. Корисниците за само 295 денари го добиваат Супер пар пакетот со 2 припејд СИМ картички коишто имаат можност да зборуваат меѓу себе бесплатно до крајот на годината. Дополнително, секоја СИМ картичка е со по 147,5 денари вклучени за разговори, интернет, ЅМЅ или активирање пакети“, се вели во соопштението.
Освен за припејд корисниците, Македонски Телеком подготви изненадување и за постпјед корисниците. Па така, сите нови и постојни корисници кои ќе ја одберат Play Comfort тарифата и ќе склучат Договор за Доверба, ќе добијат подарок селфи стик. Оваа промоција за корисниците трае до 14-ти февруари.
“Македонски Телеком продолжува со изненадувањата во февруари за своите корисници. Во тек е натпревар за љубовно селфи. Сè што треба да направат корисниците за да учествуваат во натпреварот е да постават своја селфи фотографија на Инстаграм со хаштаг засителудовљубени или на Фејсбук апликацијата на Телеком и да собираат лајкови. Фотографијата со најмногу лајкови ќе биде наградена со еден пар од одличните Sony Xperia М4 Aqua смартфони“, стои во соопштението на Македонски Телеком.
Дополнително, Македонски Телеком на корисниците на Play Comfort тарифата им овозможува голем и ексклузивен попуст на 6 модели на смартфони коишто ќе ги нарачаат онлајн. Попустот ќе важи за онлајн нарачките направени на 13-ти и 14-ти февруари.