Македонски Телеком со пад на приходите во првото полугодие

22

zk_foto_tМакедонски Телеком преку Македонска берза соопшти дека во првото полугодие има намалена добивка за 39,5% споредено со истиот период лани и изнесува 17,3 милиони евра. Приходите на компанијата исто така бележат пад од 9,2%.

Дел од тоа се должи на намалување на приходите од фиксната телефонија како резултат на намалениот број на корисници за 7,4% во споредба со истото полугодие од изминатата година.

Според соопштението опаѓањето на приходите од мобилна телефонија најмногу се должи на намалувањето на приходите од говорни услуги, бидејќи се намалила базата на претплатници со што до крајот на јуни имало вкупно 1,19 милиони претплатници. Освен тоа, од Телеком евидентираат и намалување на просечниот приход по корисник за 7%.

Приходите од интернет и дигитална телевизија белжат раст за 8% во споредба со првото полугодие од минатата година. Бројот на DSL интернет корисници пораснал за 10%, создавајќи база од 180.000 корисници на крајот од јуни додека пак, брјот на корници на дигитална телевизија IPTV во истиот период се зголемил за 58%.

На страната на трошоците, во првото полугодие од 2013 година оперативните расходи остануваат релативно стабилни споредено со истиот период во минатата година.

Анализата се однесува на неревидираните консолидирани финансиски извештаи на Групацијата Македонски Телеком АД – Скопје која ги вклучува Македонски Телеком  АД – Скопје, Т-Мобиле Македонија АД Скопје и Фондацијата е-Македонија.