На саемот на вино Винарија, во бугарскиот град Пловдив, беа претставени вината од винаријата Стоби, која беше и единствениот претставник од Македонија.
На саемот во Бугарија учествуваа познати компании од над 30 држави од Европа, поврзани со производство и продажба на вино.
Комерцијалната директорка на Перминдекс, Лидија Трајковска, изјави дека учеството на македонската винарија Стоби на саемот е одлична можност за промоција на вината, како и за воспоставување на контакти со бизнис партнерите и потрошувачите.