Македонскиот и српскиот катастар ќе потпишат Mеморандум за соработка

42

Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија и Републичкиот геодетски завод на Србија денес ќе потпишат Mеморандум за соработка.

Меморандумот ќе биде потпишан од страна на Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности и Зоран Крејовиќ, директор на Републичкиот геодетски завод.

На свечениот чин на потпишување, поканета е амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак – Томиќ.