Македонскиот пасош помоќен од американскиот

191

Интернет страницата Passport Index објави податоци за новите најмоќни пасоши, со кои може слободно да се патува без виза или со кои може да се добие виза веднаш по пристигнувањето во друга земја. На листата Македонија се најде на 16 место, пред Албанија, Црна Гора Босна и Херцеговина, но и пред САД чиј пасош поради Ковид-19 падна на 21-то место.

Со македонскиот пасош без виза може да се влезе во 62 земји.

Пред нас од земјите од регионот се рангирани, Словенија на петто место, по неа е Грција на шесто место, Хрватска на осмо место, Бугарија на деветто, а Србија на 14-то место.

Нов Зеланд оваа година ја освои престижната титула. Минатогодишниот победник, Јапонија, падна на второто место што го делат други седум земји – Германија, Австрија, Швајцарија, Луксембург, Ирска, Јужна Кореја и Австралија.

Тие со пасоши можат да влезат во 128 земји низ светот, додека на трето место се Франција, Шпанија, Италија, Шведска, Финска и Белгија (127).

Фото: Passport Index