Македонскиот туризам промовиран во Хелсинки

45

230653_10200315334705137_1143703715_nНа најголемиот Нордиски саем за патувања и туризам МАТКА што се одржа во Хелсинки од 16 до 20-ти јануари, се претставија и тур оператори од Македонија.  За време на саемот операторите имаа можност да разговараат со водечките фински тур оператори со цел продолжување и интензивирање на досегашната успешна соработка.

“Од особена важност за нас како бизнис сектор е што овој пат добивме директна поддршка од Владата во однос на зголемување на субвенциите за туристите од Финска. Многу сме задоволни од залагањето и проактивниот пристап на амбасадорот Кире Илиоски со помош на кој остваривме бизнис контакти кои отвораат нови перспективи и можности за уште поголем инкаминг туризам од овој дел на светот”, изјави претседателот на Комората Лела Крстевска.

Според сопственикот на ТА Атлантис, Сашко Дончовски, соработката во претходните две години со најголемиот фински тур оператор, кој оваа година одбележува 50 години постоење, ќе биде интензивирана. Тоа ќе значи добар почеток за регрутирање туристи од Финска и регионот.

Дончовски потенцираше дека нивна цел е да станат лидери на скандинавскиот туристички пазар, додавајќи дека саемот во Хелсинки треба да послужи како пример за добра и успешна туристичка презентација на Република Македонија.

Одговорни за учеството на македонските туроператори  настанот, се Амбасадата во Стокхолм и Стопанската комора за туризам.