На конференцијата за автомобилска индустрија „ОЕSA 2012 Outlook Conference”, која што се одржа во Детроит, беа претставени поволностите за инвестирање во Македонија.
Меѓу компаниите кои извршија презентација беа: Ford Motor Company, Toyota Motor Engineering & Manufacturing, Volkswagen of America, Magna International Inc.
На конференцијата присуствуваа над 700 гости, меѓу кои и бројни производители на автомобилската индустрија од САД и од целиот свет.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо заедно со економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков, ги презентираа поволностите за инвестирање во Македонија, преку директни контакти, поединечни средби и презентации.
“Дел од големите компании од автомобилската индустрија најавија посета на нашата држава. Освен Македонија, свој штанд имаше и Канада, а свои претставници имаа и Турција, Германија, Италија и бројни држави од САД. Со остварените контакти на овој настан се зголемуваат можностите за влез на странски инвестиции во земјава”, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.