Македонските компании ќе мора да се преориентираат на кинескиот пазар ако  ЕУ не ги симне ограничувањата

265

Препознатлив по визионерскиот дух во водењето на бизнисите, Светозар Јаневски во интервју за Локално ги искажува предвидувања за економската состојба по завршувањето на пандемијата.

“По пандемијата ќе има недостиг на храна во светот, а нашата држава е целосно зависна во секој сегмент – од месо до житарки и млеко. Затоа веднаш треба да размислуваме како ова да го промениме“, вели Јаневски.

План според него мора да имаме и во случај доколку земјите од ЕУ не почнат да ги симнуваат ограничувањата пред почетокот на летото.

“Ако набрзо вкупната потрошувачка на пазарите во ЕУ не почне да се враќа на нивото пред почетокот на пандемијата, тогаш голем дел од нашите компании кои извезуваат на овие пазари нема да добијат нови нарачки и ќе мора да се преориентираат на други пазари, пред сè на кинескиот пазар кој според сите предвидувања и оваа година ќе забележи сериозен економски раст”, нотира Јаневски.

Навремена и доследна акција според него треба да имаме и во насока на достигање на стандардите за квалитетен живот кои важат во земјите во ЕУ и НАТО, а која е според него единствен начин да се заборават проблемите во евроинтегративните процеси.

Меѓународниот успех на Тиквеш и на М6 само ги заокружуваат принципите по коишто тој се води, а кои подразбираат многу работа но и храброст да се споредуваме со подобри од нас.