Стопанската комора на Македнија (СКМ) за домашните компании организира презентација на најголемата саемска манифестација во Кина, 15th China Import and Export Fair – Canton Fair 2014.
СКМ презентацијата ја организира заедно со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија и Кинескиот центар за надворешна трговија, а целта е да ги запознаат компаниите со годинешниот саем, кој е прогласен за кинески саем број 1. Саемот се одржува на изложбен простор од 1,1 милион метар квадратен и има повеќе од 55.000 штандови.
Целта на презентацијата е македонските компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од посетата или настап на саемот во Гуангжу, преку кој се отвораат вратите на презентација на македонското стопанство низ цела Кина.