Македонските производи на странските пазари со повисоки цени: Годишен раст од близу 4 проценти

Државниот завод за статистика соопшти дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.6 % во декември 2025 година во однос на претходниот месец

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во декември 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 0.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 %.

Во декември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење камен се зголемени за 4.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 3.7 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во декември 2025 година се зголемени:

  • за 0.6 % во однос на претходниот месец
  • за 3.8 % во однос на истиот месец од претходната година