Македонските туристичките потенцијали претставени на саем за туризам во Турција

36

101451648 (1)Oд 24 до 27 овој месец во Истанбул, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беа претставени туристичките потенцијали и можности со кои располага Македонија.

Јордан Трајков, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, информира дека голем дел од ко-учесниците на саемот во Турција ги дефинирале работите што ги имале започнато за оваа сезона, со што се очекува зголемување на бројот на туристи од Турција.

“Интересот од страна на туристите од Турција е многу голем, а тоа се должи пред се заради семејната поврзаност, но и поради тоа што сакаат да го следат нашето културно наследство, од кое се воодушевени. Природните убавини се уште една причина поради која од кружните туристички тури организирани низ Балканот, најмногу време сакаат да поминат во нашата земја, изјави директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот”, Јордан Трајков.

Како што изјави генералниот конзул на Република Македонија во Истанбул, Зерин Абаз, штандот на Македонија на саемот за туризам во Истанбул, секоја година бележи континуиран раст на посетители и излагачи.

“Не радува фактот што оваа година имавме одличен штанд кој визуелно ги привлекуваше посетителите, особено тоа што тој е прилагоден на интересот на Турција, со присуство на фотографијата на Мустафа Кемал Ататурк. Мора да се пофали ангажманот на АППТ за преводот на промотивните материјали на турски јазик, што е еден од клучните фактори за да може пораката да биде пренесена до потенцијалните туристи од Турција. Бројот на туристи од година на година бележи раст, со што може да се каже дека вложениот напор за организирање на голем број настани и посети во текот на минатите години, почна да дава резултати”, истакна Абаз.

Досега, туристичкиот потенцијал на Македонија беше претставен на саеми во Холандија, Австрија, Финска и Полска. До крајот на годинава предвидени се уште 17 вакви презентации на саеми за туризам во светот.